ПОВЕЌЕ

    Салтировски: Од први декември евтина струја само за сетираните броила

    Време зa читање: 2 минути

    До крајот на декември ќе се создадат услови за воведување на евтината дневна тарифа.

    „При крај сме со подготовките и како што ветивме, до први декември годинава се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани“, информира директорот на „Електродистрибуција“, Сашо Салтировски.

    Воедно, потсети дека работата зависи од достапноста на броилата.

    „Дел се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од п декември околу 200.000 корисници ќе имаат сетирани тарифи. Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата“, посочи Салтировски и упати апел до за достапност на броилата, за да можат да бидат прочитани и сетирани.

    „Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред. При читањето софтверот ги сетира“, појасни Салтировски.

    Според одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика, евтината дневна тарифа треба да стартува од првиот ден на декември, во периодот од 13 до 15 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично