ПОВЕЌЕ

    Револуцијата пристигна: Panasonic претстави прототип на батерија за Tesla со пет пати поголем капацитет

    Време зa читање: 2 минути

    Јапонскиот Panasonic во петокот претстави прототип на батерија со пет пати поголем од сегашниот капацитет, а директорот за производство на батерии Казуо Таданобу рече дека тоа ќе помогне да се продлабочат деловните врски со американскиот производител на електрични автомобили Тесла.

    Таданобу рече дека Panasonic нема намера да произведува поевтини батерии за електрични возила врз основа на литиум-железен фосфат (LFP).

    Оваа година, Panasonic воспостави тест линија во Јапонија за производство на батерија широка 46 милиметри и висока 80 милиметри, за која Тесла тврди дека ќе заштеди повеќе енергија, ќе ги преполови трошоците за производство на батерии и ќе доведе до 100-кратно зголемување на производството на батерии до 2030 година.

    „Ние ја развивме батеријата поради силната желба на другата инволвирана страна и мислиме дека тоа може да доведе само до посилни врски“, рече Таданобу.

    Фокусот на Panasonic на продлабочување на деловните врски со Tesla доаѓа во време кога производителот на електрични возила ги диверзифицира своите добавувачи, склучувајќи договори за снабдување со јужнокорејската LG Energy Solution, во сопственост на LG Chema и кинеската Contemporary Amperex Technology.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично