ПОВЕЌЕ

    Редит собра 250 милиони долари со новиот круг на финансирање

    Време зa читање: 2 минути

    Популарната веб-страница Reddit собра повеќе од 250 милиони долари во понеделникот во новиот круг на финансирање и со тоа ја удвои својата вредност на шест милијарди долари.

    Извршниот директор на Редит, Стив Хафман, изјави за Волстрит журнал дека пазарот во моментов е добар за прибирање средства.

    „Проценките се многу високи во моментов, а Редит имаше силна година“, рече Хафман.

    Популарната веб-страница за време на пандемијата се здоби со голем број нови корисници, а неодамна привлече внимание поради улогата во „берзанскиот дуел“ на Вол Стрит.

    Редит, кој има повеќе од 50 милиони активни корисници на ден, во блогот објави дека приходите од рекламирање пораснале за 90 проценти во последниот квартал од претходната година.

    Хафман исто така рече дека Редит планира да ги искористи новите средства за инвестиции во области како што се видео, рекламирање и производи за широка потрошувачка, како и за проширување на меѓународните пазари.

    Редит е основан во 2005 година, е познат по своите различни форуми кои обработуваат повеќе теми. Компанијата, која не беше профитабилна, беше продадена на Конде Наст во 2006 година и собра околу 800 милиони долари од 2011 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично