ПОВЕЌЕ

    РЕЧИСИ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПРИХОД НАПРАВИЛЕ 10 КОМПАНИИ СО ГРЧКИ СОПСТВЕНИК во Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    Чудни се патиштата на парите. Големите корпорации се шират низ светот со свои регионални претставништва, поставувајќи свои луѓе на челните позиции со адреси на живеење во својата регионална филијала. Потоа, тие компании се јавуват и кај нас како основачи на овдешни македонски фирми, со сопственик од некоја земја, која, пак, не е истата со седиштето на групацијата. Затоа, кога зборуваме за компании со странски сопственик не секогаш го добиваме тоа што вообичаено го знаеме. Така, асоцијацијата на Дуферко е во Швајцарија. Но, самата групација Дуферко со седиште во Лугано има разни фирми ќерки. Дуферко е основана во 1979 година за да ги искористи предностите на пазарите во развој во производството на челик. Денес е групација што работи на 4 пазари: енергија, челик, превоз и иновации. Во Скопје е присутна преку швајцарската Дуферко трејдинг холфинг, како мнозински сопственик на Макстил, но и преку трговија на струја преку овдешната Дуферко МК ДОО, каде што сопственикот е со адреса во Грција.

    Токму ДУФЕРКО МК ДОО Скопје е компанија со најголем приход, и втора компанија по добивка од сите грчки компании што работат во Македонија.

    Анализата на податоците на компании со грчки сопственик во Македонија, што ја направи порталот Пари во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, покажува дека вкупниот приход на ТОП 10 грчки компании по приход е околу 482 милиони евра. Но, четири од нив не направиле добивка (Дојран стил, Енерџи диливери солушн, Сентраде и Мете мајнинг техникал комершал), а останатите реализирале вкупна добивка од 17,3 милиони евра.

    ТОП 10 компании по приход со грчки сопственик во 2022 година

    (во милиони евра)

    Извор:БизнисМрежа.мк

    Според податоците, најприходните компании со грчки сопственик се трговци со струја, трговци со храна, текстилни компании и компании од металската индустрија, како и една компанија за ископ на јаглен.

    Верополус, Дуферко, Секе и Металтерм се компании што се наоѓаат и на листата ТОП 10 компании со грчки сопственик по добивка во 2022 година.

    Десетте најпрофитни компании што работат во Македонија, лани оствариле вкупна добивка од 21,6 милиони евра, а на првата позиција била Верополус, со 9,2 милиони евра.

    ТОП 10 компании по добивка со грчки сопственик во 2022 година

    (во евра)

    Извор:БизнисМрежа.мк

    Податоците за најпрофитните грчки компании покажуваат дека Грците успеале да направат најмногу профит со трговскиот синџир Веро, Дуферко е трговец со струја, Галинос фарм е веледрогерија, Секе преработува тутун, Металтерм е трговец со опрема за греење, климатизација, опрема за водовод, индустриски инсталации, не’рѓосувачки челици, Конигтон е текстилна фабрика, Миркарт е дилер на возилата сузуки, Мелон солушнс врши продажба и сервисирање на телекомуникациска опрема, Глобе Вилијамс е компанија за одржување на погони и постројки за големи клиенти од сите индустриски гранки, и Фалко е од текстилниот сектор.

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично