Во најсиромашниот дел на светот, постои рај за милијардерите: Секоја куќа има базен, теретана, тераса. Станува збор за островот Банана, лоциран во Лагос, влијателен град во Нигерија и финансиски центар на цела Африка.
Во источниот дел на Лагос се наоѓа луксузната населба наречена Банана Остров, која може да се спореди со најлуксузните квартови на Њујорк или Токио. Тоа е рај за милијардерите и некои најбогати семејства во општеството што уживаат во мирна атмосфера на луксуз, далеку од градскиот метеж.
Го доби своето име затоа што, наводно, неговата форма наликува на егзотичното овошје.
Како и во остатокот од земјата, цените на недвижностите на островот Банана се формираат врз основа на вредноста на земјиштето, кое според податоците на реномирана компанија за недвижнини, изнесуваат 1,101 долар за метар квадратен. Цените за одделени куќи, кои ретко се појавуваат на пазарот, бидејќи ги нема многу на островот, започнуваат од 2,75 милиони американски долари. Овие се претежно градски куќи, кои зафаќаат околу 400 м2, на околу 1.000 м2 земја. Првично, островот Банана требаше да биде исполнет со одвоени куќи и имоти поделени на 535 парцели, а висината на куќата требаше да биде ограничена на најмногу 3 спрата.
Првите куќи беа изградени на јужната страна на островот, но како што цените на земјиштето нагло пораснаа со текот на годините, на северната страна беа изградени станови во станбени згради.
Првите куќи биле изградени во традиционален стил на Велика Британија и Дубаи, со големи, убави градини. Островот банана, според локалните експерти е изолиран и им нуди на жителите сè што сакаат. Има два парка, обезбедува сигурност, спокој и приватност. За да стигнете до островот, мора да поминете низ безбедносна порта. Автомобилите едвај се движат околу островот, а претежно секој што влегува во него, или живее таму или има покана.
Предноста, како што велат, е тоа што можете да џогирате во мир, да шетате и да уживате, далеку од гужвата и сообраќајот. Исто така, она што го прави посебен се безбедносната мрежа на островот, добрите патишта, уличното осветлување 24/7, потоа близината на водата и лагуните. Купувачите имаат на располагање станови со две до четири спални и куќи со тераси.
Прототипот на куќата е однапред прецизиран, но има и купувачи кои работат според нивните желби, додека базените на островот Банана се неизбежни. Исто така, скоро секоја куќа има теретана, додека станбените згради вклучуваат модерна опрема, видео камери, системи за домофони и слично.