Само во јуни работа изгубиле 3.656 лица во Македонија

Датум на објава: 04.07.2020

Време зa читање: < 1 минутa

Во јуни без работа останале над три илјади лица. Од Агенцијата за вработување велат дека тоа се лица на кои договорот за работа им завршил или останале без работа од други причини во месец мај или април. Сепак, надлежните велат дека на пазарот на труд има над осум илјади слободни работни места, најголем дел во услужниот сектор.

Прочитајте и ...  Охридска банка го честита Илинден, и известува за неработен ден

„Без работа во овој период во месец јуни  се 3565 лица. Доколку некој останал без работа на 20-ти мај до 19-ти јуни има простор да се евидентира како невработено лице да поднесе барање на паричен  надомест“, рече Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување.

Инаку, официјалните податоци од Агенцијата за вработување се дека во мај годинава биле поделени најмногу откази. Над седум илјади лица се пријавиле како невработени. Во април тој број изнесувал шест илјади, додека две илјади во месец март.

Само во јуни работа изгубиле 3.656 лица

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.


Тагови: Агенцијата за вработување,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: