ПОВЕЌЕ

    Првото видео на YouTube со 10 милијарди прегледи

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Baby Shark“ е најпопуларната детска песна во светот и достигна 10 милијарди прегледи на YouTube, пренесува CNN.

    Не само што е најгледаното видео на платформата, туку и првото видео кое достигна 10 милијарди прегледи, потврдија од YouTube за CNN.

    Оваа песна за деца ја осмисли јужнокорејската компанија која се занимава со образование „Пинкфонг“, а ја изведе пејачката Хоуп Сегоин.

    Песната беше објавена во 2016 година и веднаш стана вирален хит во Азија. Подоцна, песната се прошири и на други делови од светот.

    „Успехот на оваа детска песна е случаен“, изјави директорот на компанијата за CNN. „Никој не очекуваше видеото да има толку многу прегледи на интернет.

    За да прослави 10 милијарди прегледи, Пинкфонг ги покани децата од целиот свет да го споделат својот „танц на ајкула“ на интернет.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично