ПОВЕЌЕ

    На која возраст најбогатите луѓе ги заработиле своите први милијарди?

    Време зa читање: 3 минути

    До последната деценија, Бил Гејтс ја имаше титулата за најмлад човек кој ја заработил својата прва милијарда, но таа титула ја зазеде Марк Зукерберг кога имаше само 23 години.

    Додека, од една страна, компаниите ширум светот делеа милиони отпуштања, спуштаа плати, некои од најбогатите луѓе во светот го зголемија своето богатство за милијарди, или десетици милијарди долари.

    Вредноста на Џеф Безос се приближува до неверојатни 200 милијарди долари, додека Марк Зукерберг има само 36 години а вреди 100 милијарди долари.

    „Бизнис инсајдер“ истражуваше колку години имаа некои од најголемите милијардери денес, кога ја заработија првата милијарда.

    Ова е список од десет милијардери од списокот на „Бизнис инсајдери“ во кој доминираат основачите и раководителите на технолошките компании:

    10. Опра Винфри. Позната американска презентерка денес тежи 2,5 милијарди долари, и ја сруши бариерата од една милијарда во 2003 година кога таа имаше 49 години. Ќе биде запаметена во историјата како прва афроамериканска жена што сама ги заработи првите милијарда долари.

    9. Мег Витман се приклучи на клубот на милијардери малку порано од Опра, во 1998 година, кога имаше 42 години. Сега нејзината вредност е 5,1 милијарди долари. Витман беше извршен директор на eBay и HP, а во моментов е шеф на услугата за стриминг Квиби. Нејзиното богатство надмина милијарда долари откако eBAY почна да котира на берзата.

    8. Ричард Бренсон. Ако го прашате Бренсон каде бил во 1991 година, тој ќе ви каже, тогаш ја заработив мојата прва милијарда. Тој во тоа време имаше 41 година, а во текот на следните 19 години неговото богатство се искачи на 4,6 милијарди.

    7. Илон Маск. Денес, богатството на ексцентричниот основач на „Тесла“ и „Спејс Екс“ и еден од основачите на „Пејпал“ се приближува до бројката од 70 милијарди долари, а тој ја заработи првата милијарда во 2012 година, кога имаше 41 година.

    6. Марк Кубан. Познат инвеститор кој им е познат на навивачите во НБА како сопственик на Далас Маверикс, се приклучи на клубот на милијардери една година помлад од Маск и Бренсон. Тоа беше во 1998 година, откако го продаде Бродкаст.

    5. Џеф Безос. Најбогатиот човек на светот стана милијардер во 1999 година, кога имаше 35 години. Некои аналитичари велат дека тој е најдобриот кандидат кој може да стане првиот трилионер во светот, иако шансите нешто вакво да се случи навистина се многу мали.

    4. Бил Гејтс. Тој се приклучи на клубот на милијардери кога имаше 31 година. Во тоа време, во 1987 година, тој беше најмладата личност во историјата, чија вредност надмина една милијарда долари.

    3. Лери Пејџ. Во 2004 година, Пејџ стана милијардер. Тој во тоа време имаше 30 години.

    2. Еван Шпигел, ко-основач и шеф на Снепчет стана милијардер пред пет години, а денес има 30 години и вреди 4,5 милијарди долари.

    1. Марк Зукерберг. Малку е веројатно дека некој толку наскоро ќе го замени шефот на Фејсбук на местото на лицето кое ја помина границата од 1 милијарда долари. Кога стана милијардер, Зукерберг имаше само 23 години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично