ПОВЕЌЕ

    Прометот во индустријата со октомвриски раст од 4,8 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Во октомври прометот во индустријата е зголемен за 4,8 насто на годишно ниво, велат последните податоци од Државниот завод за статистика.

    Според главните индустриски групи, гледано во периодот октомври 2022 – октомври 2023, вкупниот промет бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 7,7 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,1 насто. Намалување има кај капитални производи за 1,9 и трајни производи за широка потрошувачка за 10,3 отсто.

    Индексот на прометот во индустријата во однос на септември изнесува 98.5, додека од јануари до октомври, споредено со истиот лански период е 103.0.

    Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар на годишна основа е 107.8.

    Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври, во однос на октомври 2022 бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 1,7, капитални производи за 86,6, трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,5 насто.

    Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, споредено со септември е 100.2. Од јануари до октомври, а во однос на истиот период минатата година изнесува 102.1.

    Индексот на прометот во индустријата на странските пазари на годишно ниво изнесува 104.3.

    Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари за една  година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 10,1 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 18,6 насто. Опаѓање има кај капитални производи за 2,6 и трајни производи за широка потрошувачка за 9,1 отсто.

    Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во однос на септември изнесува 98.8, додека од јануари до октомври, од аспект на споредбениот лански период е 103.2, наведено е во објавата на ДЗС.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично