ПОВЕЌЕ

    ПРОМЕНАТА НА ЧАСОВНИКОТ предизвикува промена на деноноќниот ритам на човекот, а тоа создава негативни последици

    Време зa читање: 2 минути

    Ноќта на 27 октомври, во три часот по полноќ, стрелките ќе ги поместиме еден час наназад и ќе преминеме на зимско сметање на времето.

    Летното сметање на времето се однесува на практиката на поместување на часовниците еден час понапред во текот на пролетните месеци и поместување на часовниците еден час наназад во есен. Целта зад ова била да се даде еден дополнителен час дневна светлина во вечерните часови во летните месеци, а исто така да се прошири истата во текот на зимските утра. За возврат, луѓето би можеле да заштедат повеќе енергија со користење на сончевата светлина.

    Истражувачите велат дека менувањето на часовниците не создава дополнителна дневна светлина, туку го менува времето на изгрејсонце и зајдисонце. Оваа промена на времето може да предизвика пореметувања на часовникот на нашето тело, инаку познат како деноноќен ритам. Овие промени на времето имаат негативните ефекти врз квалитетот на сонот и здравјето воопшто, велат многу истражувачи од европските земји.

    Поставувањето на часовникот нанапред еден час за летното сметање во пролет обично значи губење на еден час сон.

    Истражувањето од 2019 година, спроведено од Американската академија за медицина на спиење (AASM), организација која ги претставува научниците и лекарите за спиење, покажа дека повеќе од половина од Американците обично се чувствуваат уморни откако DST започнува во пролет.

    Во изјавата во Journal of Clinical Sleep Medicine, тие пишуваат дека „сезонските промени на времето треба да се укинат во корист на фиксно, национално, стандардно време во текот на целата година“.

    Една шведска студија покажа дека ризикот од срцев удар се зголемува во првите три работни дена со промената на времето.

    Заморот предизвикан од промената на часовникот се смета дека е главната причина за зголемување на сообраќајните несреќи во понеделник, исто така имало повеќе повреди на работното место, а повредите биле со поголема сериозност во споредба со другите понеделници. Почетокот на летното сметање на времето исто така е поврзан со спонтани абортуси кај пациенти со ин витро оплодување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично