И оваа година, по повод традиционалниот настан Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација на свечена седница ги избра најдобрите Советници за клиенти за 2020 година.
Емилија Димитриоска и Маја Георгиевска од ПроКредит Банка се добитнички на наградите за најдобар банкарски службеник.
Грижата за клиентите, советувањето и навременото одговарање на нивните потреби се тајната на нивниот успех, изјавија Емилија и Маја од ПроКредит Банка.