ПОВЕЌЕ

    Програмерите на Apple Store заработиле 120 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    AppStore, мобилната продавница за апликации на технолошкиот гигант Apple, во моментов има повеќе од 2,2 милиони различни апликации.

    Во 2008 година кога е создаден Apple веројатно не бил свесен дека нивната дигитална продавница, која имала нешто повеќе од 500 апликации во тоа време, ќе стане еден од водечките пазари за мобилни апликации 11 години подоцна.

    „Нашата платформа создаде сосема нови работни места што не постоеа порано“, рече главниот извршен директор на Apple, Џеф Вилијамс.

    Според Fox Business, пренесува Novac.hr, програмерите коишто своите апликации ги нудат бесплатно или за хонорар на корисниците на AppStore само минатата година направиле 34 милијарди долари, што е за 28% повеќе од 2017 година.

    Така, на пример, во моментов има повеќе од 1,9 милиони развивачи во САД коишто ги нудат своите апликации на оваа дигитална продавница. „Со создавање на AppStore, го олеснивме пристапот на секој поединец до милионскиот пазар. Токму ова е најголемиот успех на овој проект“, објасни Вилијамс.

    Инаку, од започнувањето на платформата до денес, американскиот гигант им плати на програмерите повеќе од 120 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично