ПОВЕЌЕ

    Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.1 % на месечно ниво

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.1 % на месечно ниво и за 0.2 % на годишно ниво.

    Во јуни 2020, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 2.1 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 %.

    Во јуни 2020, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0.6 %, Трајни производи за широка потроошувачка за 4.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %.

      Преземи го соопштението во целост

     Преземи табели

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично