Сер Ричард Чарлс Николас Бренсон е англиски бизнис магнат, инвеститор, автор и филантроп. Ја основал групација Вирџин, која се состои од повеќе од 400 компании.
Во продолжение се неговите цитати за животот, деловниот успех и односот на менаџерите.
- Ако сте претприемач и никогаш не сте направиле грешка, тогаш не сте навистина претприемач.
- Гордоста никогаш не ме спречува да препознам кога грешам.
- Секогаш сум среќен кога ќе вкусам лоша услуга како клиент. Не дека сум мазохиста. Се работи за тоа дека моите најдобри идеи се раѓаат кога гледам како другите работат лошо.
- Подготвеноста да сослушам што имаат другите да кажат и да ги вклучам нивните идеи кога се подобри од моите, недвосмислено ми помогна во текот на 40 годишното работење.
- Во бизнисот нема место за кратко и конзервативно мислење. Тоа само ви ги сече крилата, ве прави послаби и неспособни да разберете што навистина се случува.
- Многу е подобро да ветите малку и да дадете многу, отколку да е обратно.
- Многу повеќе сакам да комуницирам лице в лице отколку да се допишувам.
- За мене, не постои ништо полошо отколку да ги слушнам своите работодавачи како се извинуваат поради однесувањето на нивните вработени.
- Целиот свој живот се обидувам да ја избегнам канцеларијата и поголемото работно време сум го поминал на едно од овие три места: дома, на јахта или лежалка од мрежа за лулање.
- Запаметете: Никој на смртна постела не зажалил што не поминал повеќе време во канцеларија.
- Јас сум секогаш бизнисмен, дури и кога ќе облечам костим за на маскенбал. Облекувањето на одело никогаш не ми донело деловни вештини.
- Топ менаџер секогаш треба да им го даде својот меил и телефонски број на своите вработени. Вработените никогаш нема да го вознемируваат беспотребно, но знаат дека можат да го побараат кога и да им е потребен. Тоа може да има многу важен психолошки ефект.
- Вистинското лидерство се наоѓа во способностите јасно и мирно да објасните зошто одредена одлука мора да биде донесена.
- Треба другите луѓе да ги третирате како што се третирате себеси, дури и подобро од себеси.
- Ако ме прашате во што најмногу верувам, ќе ви кажам: Во своето семејство.
- Почитта е во тоа како ги третирате сите, а не само оние кои сакате да ги имплресионирате.