ПОВЕЌЕ

    „Пошта на Северна Македонија“ со години наназад е на удар на јавноста

    Време зa читање: < 1 минутa

    Пошта на Северна Македонија е единственото Акционерско друштво во овој бизнис во земјава. Иако ги прави најголемите приходи и го има најголемиот број на вработени во оваа дејност, сепак ова Акционерско друштвото што е во раце на државата, работи со загуба.

    Пошта на Северна Македонија со години наназад е на удар на јавноста дека е претворена во институција за згрижување на партиски кадри.

    Дополнително, последниот ревизорски извштај обелоденува дека, иако во оваа компанија што е во раце на државата, се трупале загуби сепак менаџментот си обезбедил бонуси. Ревизорскиот извештај покажа дека компанијата има загуба од околу 10 милиони евра, а истовремено се склучувале договори за премии од осигурување за досегашните директори, обезбедувајќи на тој начин високи бонуси за нив.

    Минатата година „Пошта на Северна Македонија“ има приходи од 19,4 милиони евра, во која работат 2.054 луѓе.

    Прочитај ја анализата: ДРЖАВНАТА ПОШТА ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ, ПРИВАТНИТЕ „БИЛДААТ“ ПРОФИТИ

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично