ПОВЕЌЕ

    Португалските работодавци ќе бидат казнети ако им додеваат на мобилен на работниците што работат од дома по работно време

    Време зa читање: 2 минути

    Работодавците во Португалија што им се јавуваат на мобилен или им пишуваат смс пораки на вработените по работно време, а кои работат од дома може да се соочат со казна. Парламентот на оваа земја усвои закон со кој им забранува на сопствениците да им додеваат на мобилен на вработените после работно време, објавува Еуроњуз.

    Газдите повеќе нема да можат ниту да ги мониторираат вработените кои работат од далечина. Меѓутоа, португалските пратеници го одбија предлогот за легализирање на т.н „право на исклучување“ – законско право за исклучување од деловни „четови“ и уреди по работното време.

    Дополнително, од бизнисите ќе се бара да ги покријат трошоците направени од работниците како резултат на преминот кон работа на далечина. Ова се однесува на сметките за струја и интернет, но не и за вода.

    Усвоените измени на трудовото законодавство нема да важат за фирмите со помалку од 10 вработени.

    Исто така, мерки за справување со осаменоста се вклучени во правилата за работа на далечина, при што се очекува компаниите да организираат состаноци лице в лице најмалку на секои два месеци.

    Португалија е првата европска земја што ги промени правилата за работа од далечина како резултат на пандемијата на Ковид-19.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично