ПОВЕЌЕ

    Победа и поддршка од Комерцијална банка за ново успешно издание на KOLORRUN 2023

    Време зa читање: 2 минути

    Со успех на КБ тимот и со финансиска поддршка од Комерцијална банка и нејзините Mastercard картички, KOLORRUN 2023 имаше ново и возбудливо издание.

    Најголемата возбуда ни ја донесе победничкиот тим на Комерцијална банка кој доминираше во трката на 2,5 километри!

    Со освоено екипно прво место во категорија жени, прво место во категорија мажи поединци, прво место во комбинирани екипни тимови (жени и мажи) и второ место екипно во категорија мажи, тимот на Комерцијална банка повторно се искачи на победничкиот пиедестал.

    Победата ја донесоа Миомир Алексовски, прво место во поединечна ревијална трка мажи на 2,5 км, Снежана Димовска, Марија Белимова, Љупка Пандиловска и Тања Штерјова освоија прво место жени во тимска ревијална трка од 2,5 км. и Миомир Алексовски, Бојан Слабев, Дејан Премчевски и Александер Трајковски, второ место мажи во тимска ревијална трка на 2,5 км.

    А, како горд спонзор на оваа шарена трка втора година по ред, Комерцијална банка ги награди тројцата првопласирани во машка и во женска конкуренција со подарок-картички за шопинг во East Gate mall во вредност од 3.000, 2.000 и 1.000 денари соодветно.

    И оваа година KOLORRUN во организација на трговскиот центар East Gate Mall и атлетскиот клуб Кorrunners донесе вистинска возбуда во Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично