ПОВЕЌЕ

    ПО ПЕТГОДИШЕН ПРЕКИН летовите меѓу Скопје и Дубаи ќе бидат обновени, шест нови дестинации за патување

    Време зa читање: 2 минути

    Шпанија како дестинација повторно се отвора за Македонците. Од 30 јуни 2025 година два пати неделно ќе се лета Скопје – Барсeлона – Скопје.

    Шест нови авиолинии од Скопскиот и од Охридскиот аеродром ќе се реализираат од следната година. Четири авиолинии ќе реализира авиокомпанијата „Визер“ и по една „Флај Дубаи“ и „Туркиш ерлајнс“. Од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт,  а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус.

    Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избарни се согласно јавниот повик за финансиска подршка за нови дестинаци, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Летовите меѓу Дубаи и Скопје ќе бидат обновени следната година по петгодишен прекин. Од 30 март 2025 година авиопревозникот „Флај Дубаи“ ја отвора линијата Скопје – Дубаи – Скопје. А Од 30 јуни, два пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција првпат како дестинација. Од наредна година три пати неделно ќе се лета Скопје – Штутгарт – Скопје со што се отвора западниот дел на Греманија. Во однос на охридскиот аеродром, два пати неделно ќе се лета Охрид – Базел Милхаус – Охрид. Многу важна информација е дека „Туркиш ерлајнс“ редовно ќе лета од 30 март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид, со што охридскиот аеродром се отвора како дестинација за најголемиот аеродром во Европа и аеродром со најголем број на конекции.

    Авиокомпанијата „Визер“ се соочува со тековни проблеми со моторот што влијае на нејзината флота, што доведе до намалување на услугите од нејзината база во Скопје. И покрај победата на претходниот јавен повик, нискобуџетната компанија не ги исполни своите обврски, лансирајќи само две од четирите планирани линии. Не ги започна планираните операции од Скопје до Штутгарт и Луксембург. Во текот на изминатите неколку години, Wizz Air прекина неколку линии со кои сообраќаше од македонскиот главен град пред пандемијата, вклучувајќи ги Ваксјо, Турку, Ларнака, Хановер и Барселона. Авиокомпанијата, исто така, ги прекина своите операции од Охрид до Базел, Лондон Лутон, Милано Малпенса и Малме.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично