ПОВЕЌЕ

    Првпат по 30 години „Емирати“ објави загуба од 3,4 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Полугодишниот извештај бележи загуби како резултат на пандемијата „Ковид-19“, која го парализира воздушниот сообраќај.

    „Поради оваа досега невидена состојба за авијацијата и патничката индустрија, групата„ Емирати “забележа шестмесечна загуба за прв пат во повеќе од 30 години“, изјави претседателот на авиокомпанијата, шеикот Ахмед Бин Саид Ал-Мактум.

    Најголемата авиокомпанија на Блискиот исток, која има флота од 270 големи авиони, ги прекина своите активности на крајот на март поради епидемијата на новиот вирус.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично