ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДОЗНАВА: Тендерот на ЕВН Хоме за набавка на струја за домаќинствата одложен за 9-ти декември по барање на ЕСМ

    Време зa читање: < 1 минутa

    Тендерот за набавка на струја за домаќинствата за 2022 година што требаше да се случи утре, а го распиша ЕВН Хоме како универзален снабдувач е одложен. ,,Пари” дознава дека по барање на ЕСМ која треба да ја достави понудата за цената на електричната енергија произведена од домашните капацитети, тендерот е одложен за 9-ти декември.

    Од ЕСМ се уште работат на формирање на цената и бараат можност за покривање на потребната енергија за домаќинствата за идната година.

    Дека состојбата е повеќе од сериозна покажува денешната одлука на Владата која од пратениците во собранието бара да се продолжи кризната сосотојба со енергетиката во Македонија во следните шест месеци. Властите признаваат дека постои намалено домашно производство на електрична енергија и скапа струја која ја набавуваат на берзите, но засега не откриваат по која цена државната ЕСМ ќе ја продава струјата на Универзалниот снабдувач која ја користат домаќинставата.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично