ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА: За две години уделот на храна во вкупните трошоци се зголемил за 6,3 проценти!

    Време зa читање: 4 минути

    Алармантни сознанија откриваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците, во 2018 година, уделот на храната и на безалкохолните пријалоци во вкупната потрошувачка на домаќинствата бил 38,7 проценти, а веќе во 2020 година се искачил на 45 проценти, односно за 6,3 проценти повеќе отколку што бил пред две години!

    „Просечното домаќинство во Македонија наменува околу 66 % од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2020 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 66,2 %, пензиите учествуваат со 21,3 %, примањата од земјоделството со 6,7 %, социјалните бенефиции со 1,7 % и примањата од странство со 1,2 %“, велат од Државниот завод за статистика.

    Што се зголемува, а што се намалува во структурата на потрошувачката?

    Покрај растот на уделот на храната, споредбата на 2020 година со 2018 година покажува и дека за овие две години се зголемил уделот на пари што се користат за алкхолни пијалоци и тутун; за домување, вода, струја и енергенси; како и за мебел и покуќнина.

    Во вкупната потрошувачка на домаќинствата се намалил уделот за сообраќај, образование, ресторани, култура и рекреација.

    Она што е особено интересно е фактот дека во 2020 година, кога имаме пандемија, и кога сите зборуваат за зголеми здравствени трошоци, статистичлките истражувања покажале нивен помал удел во однос на 2019 и 2018 година. Во 2018 година нивниот удел бил 4,2 проценти, во 2019 година изнесувал 3,5% и во 2020 – 3,1%.

    Дистрибуција на потрошувачката на домаќинствата (во %)

    Потрошувачка 201820192020
    Храна и безалкохолни пијалаци38,443,145
    Алкохолни пијалаци и тутун 44,24,6
    Облека и обувки6,15,14,3
    Домување, вода, електрика, гас и други горива 10,510,811,5
    Мебел, покуќнина, одржување на покуќнината4,54,55,3
    Здравје4,23,53,1
    Сообраќај5,3 65,6
    Комуникации3,23,83,6
    Рекреација и култура1,71,61,2
    Образование0,40,40,2
    Ресторани и хотели 4.34,12,9
    Останати стоки и услуги5,255,8
    Друго11,987
    Вкупно100100100

    1) Вклучува трошоци надвор од личната потрошувачка: отплата на кредити, инвестиции во недвижности и штедење

    Извор: Државен завод за статистика

    Што ќе и направи инфлацијата на структурата на потрошувачката?

    Она што загрижува е каков тренд ќе има структурата на потрошувачката во време на инфлација, кога вакво значајно зголемување на учеството на храната во вкупната потрошувачка сме имале во време кога во 2018 година сме имале инфалција од 1,5%, во 2019 година од 0,8%, а во 2020 година инфлацијата била 1,2 проценти. За годинава, поселедните прогнози од Светска банка се дека инфлацијата ќе биде 2,4 проценти. Од Народната банка пак, известија дека за инфлацијата ќе има умерена нагорна корекција во однос на претходно планираните 2,2 проценти, но се уште не прецизира за колку ќе биде корекцијата. „Притоа, нагласена е неизвесноста и променливоста во движењето на светските цени на примарните производи, а пред сѐ на енерегенсите, во следниот период“, велат од Народната банка.

    Неодамна и од Стопанската комора потенцираа дека некои производи може да поскапат и за 50 проценти. Оттаму рекоа дека на фармерите основните производни трошоци им се зголемени за 70 – 80 проценти; за 10 – 11 отсто се зголемени директните трошоци во млечната индустрија; слична е ситуацијата и во месната индустрија, а скок на цените има и на житарките и на маслодајните семиња кои во моментов се повисоки од 20 до 100 проценти, отколку пред една година.

    Поселедните податоци за просечната нето-плата се однесуваат за август и Државниот завод за статистика прсмета дека таа изнесува 28.642 денари и дека незјиниот раст во однос на пред една година е 4 проценти. Во август пак, инфлацијата мерена преку трошоците за живот, била 3,6 проценти на годишно ниво, додека анализата само на цените на мало покажала нивен раст за 4,9%. Државниот завод за статистика илезе и со податоци за инфлација за септемри. Септемврискиот пораст на трошоците за жовот на годишно ниво изнесуваат 3,7%, а цените на мало пораснале за 5,6%.

    Методолошки, трошоците за живот се трошоци по намана на домаќинствата и во нив има одредени групи на прозводи, на пример трошоци за храна, трошоци за домување, за здравсто, за транспорт…, и се следи нивниот раст.  Цените на мало пак ги следат цените на однапред дефнирани производи во рамки на земјоделски производи, индуструиски производи, индустриско-прехранбени производи и пијалоци.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично