ПОВЕЌЕ

    Ова се најголемите компании во светот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со пазарна капитализација (вредност) од 1,68 трилиони aмерикански долари заклучно со април 2020 година, Сауди Арамко беше најголемата фирма во светот во 2020 година.

    Ова се наведува во анализата „Сто најголеми компании во светот според пазарната капитализација во 2020 година“ спроведена од Statista.com на 1 декември.

    Во првите пет влегоа некои од најпрепознатливите светски технолошки брендови: Мајкрософт, Епл, Амазон и матичната компанија на Гугл, Алфабет.

    Треба да се има на ум дека од април, кога беа земени податоците за пресметката, ситуацијата може да се смени нешто.

    Анализата, сепак, дава добра слика за тоа кои компании доминираат на светските пазари. На списокот има многу компании чии производи ги користиме секој ден во храна, козметика итн.

    Погледнете го списокот на сите 100 најголеми компании во светот според пазарната вредност ОВДЕ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично