ПОВЕЌЕ

    ОСТАВКА НА БЛАЖ БРОДЊА од Надзорниот одбор на „НЛБ Банка“, но сѐ уште е претседател на Управниот одбор

    Време зa читање: 2 минути

    Во „НЛБ Банка“ АД Скопје има промена во Надзорниот одбор, досегашниот претседател Блаж Бродњак поднел отставка од функцијата.

    „До добивање на согласност од гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именување на нов член на Надзорниот одбор на банката, Блаж Бродњак ќе продолжи да ја извршува својата функција како претседател на Надзорниот одбор на банката“, информираат од „НЛБ Банка“ АД Скопје.

    Промената на Надзорниот одбор на „НЛБ Банка‘“ Скопје, велат од групацијата се планирала некое време, бидејќи Блаж Бродњак, на оваа функција бил повеќе од 7 години и по последните активности за преземања, преземал и други должности во рамките на членките на НЛБ Групацијата.

    Оттаму потенцираат дека Бродњак останува претседател на Надзорниот одбор на „НЛБ Банка“ АД Скопје до назначувањето и добивањето на сите потребни одобренија на неговиот наследник/наследничка, што, со целосна доверба кон новото раководство на банката, ќе овозможи непречен и континуиран процес на нејзиното работење во иднина.

    И покрај оставката на Надзорниот одбор, Блаж Бродњак останува во улога на претседател на Управниот одбор на матичната банка НЛБ. И во рамките на својата линија на известување, има целосен ангажман во натамошните развојни активности на НЛБ Групацијата на стратешки исклучително важниот пазар на Република Северна Македонија“, додаваат од групацијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично