ПОВЕЌЕ

    ОСНОВАЧ НА СН ФИНАНСИИ, ЈОШЕВСКИ: Од конфорната зона во САД назад во Македонија и одличен старт во финтек индустријата

    Време зa читање: 3 минути

    И СН финансиско друштво се вклучи во #GEW2021, Глобалната недела на претприемништвото, учествувајќи на панел дискусија во организација на Qworkingo на тема •Претприемачите и нивните предизвици• со поддршка на Стартап Македонија.

    На хибридниот настан, зборуваа бројни претставници кои го поттикнуваат развојот на старт-ап екосистемот кај нас, а свои искуства споделија познати претприемачи.

    На настанот зборуваше и Никола Јошевски, основач на СН финансиско друштво кој истакна како по различни обиди во различни сфери на старт-ап бизниси се развивал неговиот пат на успехот како претприемач. Како шансата да остане во САД, по едногодишната работа таму, ја менува за враќање во Македонија и успех во она што денес го работи. Присутните беа заинтригирани и од неговата одлука да ја напушти зоната на конфор работејќи на раководна позиција во една позната банка, за да направи одличен старт во Финтек индустријата каде денес неговата компанија доминира.

    “Јас верувам во луѓе со визија и желба за акција, а не во луѓе кои имаат само идеи. Исто така убеден сум дека успехот и неуспехот се ужасно блиску. Како да се избере успехот?”

    Најважниот предизвик во развој на успешниот продукт во сферата во која работите е одлуката за тоа кога е мигот за “свртување” односно пивотирање-израз познат во светот на менаџментот. Така се решаваат и грешките, така се носат и молскавично одлуки кога чувствувате дека потребна е промена која ја диктира пазарот, потребата на клиентите или конкуренцијата. Секогаш “неуспехот” е предуслов за успех” -истакна Јошевски и пред публиката присутна во новоотворениот и прв 24/7 коворкинг простор под името Qworkingo во Битола и за онлајн публиката која го следеше овој настан.

    На панел дискусија посветена на Глобалната недела на претприемништво настапија и претставници на фирмите Qodix, 3Mode и 3/4 by Jasmina кои ги споделија своите (не)успешни приказни и предизвиците со кои се соочиле за да им покажат на младите претприемачи дека неуспехот е важен дел од приказната.

    Главната мисија на овој настан беше да се охрабрат младите луѓе да запливаат во претприемачките води и да не се плашат да се соочат со неуспех.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично