ПОВЕЌЕ

    ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД МИЛИОН ЕВРА ЗА 2021 и 2022 година – Добра вест за акционерите на Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп

    Време зa читање: < 1 минутa

     

    Акционерита на Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп ќе поделат дивиденда од 1,02 милиони евра или 63.136.656 денари, колку што е износот на нераспределените добивки од двете претходни деловни 2021 и 2022 година. Одлуката ќе биде потврдена на Годишното собрание закажано за десети мај.

    Дивидендата од работењето во 2021 година е 577,4 илјади евра (35.590,562 денари), а ланската е пониска – 430,6 илјади евра (26.546,094 денари). Секоја акција им носи на акционерите по 88 денари, што претставува 6,87 отсто од номиналната вредност – 20,84 евра.

    Според дивидендниот календар, исплатата во готово ќе почне на 19 јуни, а процесот може да се одвива до 30 септември. Датумот за евиденција е седми јуни, последниот ден на тргување со право на дивиденда е петти јуни, прв ден на тргување без право на дивиденда – шести јуни.

    ЧИТАЈТЕ:

    КОМЕРЦИЈАЛНА И СТОПАНСКА БАНКА ЛАНИ СО ПОМАЛИ ДОБИВКИ – Какви се добивките на другите котирани друштва?

    КОМЕРЦИЈАЛНА И СТОПАНСКА БАНКА ЛАНИ СО ПОМАЛИ ДОБИВКИ – Какви се добивките на другите котирани друштва?

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично