Американската медиумска личност Опра Винфри е рангирана за најбогата афро американка на 20. век, таа е најголем афро американски филантроп на сите времиња, милијардер и според некои проценки највлијателна жена во светот.
Преку сопственото ТВ шоу таа успеа да инспирира многу луѓе низ светот, па се закити со титулата “Кралица на сите медиуми”.
Нејзините познати цитати за животот и деловниот успех се вистинско охрабрување.
1. Колку повеќе го фалите и славите вашиот живот, толку повеќе има за што да славите во вашиот живот.
2. Верувам дека сè се случува со причина, дури и кога не сме доволно мудри да го видиме тоа.
3. Клучот за остварување на сонот е да не се фокусирате на успехот, туку на значењето – и тогаш дури и малите чекори и малите победи по вашиот пат ќе добијат поголемо значење.
4. Најголемата авантура што некогаш можете да ја направите е да го живеете животот од вашите соништа.
5. Самопочитта доаѓа од можноста да го дефинирате светот во свои термини и да одбиете да се придржувате до пресудите на другите.
6. Во живото го добивате тоа за што сте подготвени да побарате.
7. Простувањето е откажување од надежта дека минатото можеше да биде поинакво.
8. Дишете. Опуштете се. И потсетете се дека токму овој момент е единствениот што знаете дека го имате со сигурност.
9. Можноста може да чукне само еднаш, но искушението се потпира на ѕвончето од вратата.
10. Не е важно кој си и од каде потекнуваш. Способноста за триумф започнува од вас – секогаш.
11. Целата поента да се биде жив е да се претворите во личност во која сте претендирале да бидете.