ПОВЕЌЕ

    Охридска банка вработува

    Време зa читање: 3 минути

    Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите.

    Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
    Тимскиот дух e прва вредност на Охридска банка и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои се ценат се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

    Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународната групација Steiermärkische Sparkasse Group која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

    Проценител на недвижен имот

    Локација: Скопје

    ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА:

    • Изготвува процени и репроцени од областа на градежништвото за потребите на кредитниот процес
    • Врши контрола и верификација на изготвени наоди и мислења од страна на надворешни лица ангажирани за давање консултански услуги од областа на градежништвото
    • Изготвува процени и го координира процесот на последователно мерење на вредноста на средствата преземени за наплата на побарувања
    • Дава предлози и мислења за организирање и унапредување на процесот на објективно мерење и следење на вредноста на средствата земени како обезбедување на кредитната изложеност
    • Дава предлози, милења и ја утврдува вредноста на средствата земени како обезбедување во тек на извршна постапка за наплата на побарувањата
    • Врши и други работи за потребите на Банката во согласност со инструкциите добиени од непосредниот раководител.

    ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

    • Високо образование – Економски, Правен или Градежен Факултет
    • Работно искуство од 3 години во областа
    • Одлично познавање на пазарот на недвижности
    • Лиценца за овластен проценител на недвижен имот согласно важечката законска регулатива
    • Одлично познавање на Aнглиски јазик
    • Одлично познавање на MS Office
    • Возачка дозвола – Б категорија
    • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати, добри организациски и комуникациски вештини, доверливост, работа во динамична средина и ориентираност кон тимска работа.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 30.06.2020 година на: [email protected], со задолжителна назнака “Апликација за Проценител на недвижен имот”.

    Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

    Напомена:

    Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
    Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

    Прочитај повеќе на следниот линк за: Охридска банка го почна процесот на замена на платежните картички 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично