ПОВЕЌЕ

    ОХРИДСКА БАНКА ПОЧНА ПРОЦЕС НА ЗАМЕНА НА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ СО НОВО ЛОГО

    Време зa читање: 3 минути

    Охридска банка АД Скопје го почна процесот на замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во периодот кој следи Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе.

    Клиентите ќе добијат известување преку смс порака или вибер порака дека можат да ја подигнат својата нова дебитна, или кредитна картичка.

    Со подигнувањето на  новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана.

    Новите картички се подготвени за употреба веднаш, односно без дополнителни барања за активација на картичката што на корисниците ќе им овозможи непречен пристап до своите средства за подигнување готовина и домашни и меѓународни електронски плаќања.

    Клиентите на Охридска банка кои имаат дебитни картички може да подигнуваат готовина без провизија на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка Македонија, двете како дел од Штаермеркише Шпаркасе групацијата..

    Сите нови дебитни и кредитни картички издадени од Охридска банка освен ново лого, се одликуваат и со можност за бесконтактни плаќања во трговија за износи до 2.000 денари.

    Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти, по добиеното известување од страна на  Банката во најбрз временски период да ги подигнат своите нови платежни картички. Доколку клиентите не ги подигнат картичките, Банката ќе пристапи кон згаснување на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури.

    За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката.

    Проектот за замена на картички започна на 3 јуни во Гевгелија, каде  преку експозитурата на Охридска банка започна издавањето на новите платежни картички.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично