ПОВЕЌЕ

    Охридска банка: Известување за исплата на пензиите за февруари 2021

    Време зa читање: 2 минути

    Охридска банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за февруари 2021 година во периодот 25.02.2021 година – 02.03.2021 година согласно Информацијата за исплата на пензии за февруари 2021 година на македонската влада.

    Од 25.02.2021 (четврток), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.

    Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии и преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите преку мрежата на експозитури ќе се врши според редоследот утврден од владата:

    Датум Пензија
    25.02.2021 (четврток) До 11 000 денари
    26.02.2021 (петок) Од 11 001 до 14 000 денари
    01.03.2021 (понеделник) Од 14 001 до 18 000 денари
    02.03.2021 (вторник) Над 18 000 денари

    Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично