ПОВЕЌЕ

    ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО УНИ БАНКА

    Време зa читање: 2 минути

    Станете дел од тимот на УНИ Банка

    Администратор за мрежа и телекомуникации во Дирекција Информатичка технологија

    Образование:

    • VII – 1 степен стручна подготовка – Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии.

    Опис на работно место и одговорности:

    • Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
    • Мониторирање на мрежна инфраструктира и мрежен сообраќај;
    • Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips);
    • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
    • Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура;
    • Администрирање и извршување на регуларни резервни копии;
    • Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
    • Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
    • Конфигурирање и администрирање на IP телефонија.

    Способност:

    • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
    • Тимски дух, позитивен став и однесување;
    • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
    • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
    • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
    • Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
    • Познавање на англиски јазик читање и пишување;
    • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
    • Претходно работно искуство како мрежен администратор ќе биде земено како предност.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје,  најдоцна до 11.10.2019 година.

    Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично