Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите.
Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународна групација која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:
Благајник – Локација: Скопје
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА:
- Врши уплати и исплати – денарски и девизни
- Врши работи од доменот на менувачкото работење
- Врши уплати и исплати по основ жиро сметки и кредити
- Безготовински и готовински платен промет во земјата
- Изготвува прегледи за реализираните трансакции
- Делува согласно процедурите на на Банката и законската регулатива во доменот на банкарското работење
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование
- Работно искуство мин.1 година
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Одлично познавање на Aнглиски јазик
- Комуникациски и преговарачки вештини
- Фокус на детали
- Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 19.01.2021 година на: [email protected] со задолжителна назнака “Апликација за Благајник Скопје”.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.