ПОВЕЌЕ

    Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје има потреба од правник

    Време зa читање: 2 минути

    Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје, поради понатамошен развој, има потреба од кандидат за следнава работна позиција:

    Правник

    Ваши задачи:

    • подготовка на документи за потребите на состаноците на Одбор на директори и Собранието на акционери;
    • комуницирање со државните органи;
    • подготовка и проверка на договори;
    • подготовка на интерни акти на Друштвото;
    • следење на прописите и информирање за истите;
    • правно советување на органите на управување и надзор;
    • идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето со прописите;
    • активности во врска со спречување перење пари и остварување на непосредни контакти со Управата за финансиско разузнавање;
    • активности во врска со заштита на личните податоци на клиентите во фондовите и остварување на непосредни контакти со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

    Ваш профил:

    • ВСС (високо образование) –правен факултет;
    • Претходно работно искуство поврзано со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност, Законот за заштита на лични податоци и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам ќе се смета како предност;
    • Познавање на англиски јазик;
    • Работно искуство од најмалку 3 години;
    • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси;
    • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
    • Способност за разрешување на проблеми;
    • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот.

    Услови кои ги нудиме:

    • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
    • Развој на кариерата низ соодветен тренинг.
    • Возбудлива и динамична работа;

    Работното време за оваа позиција е пон-пет 08:00-16:00.
    Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.
    Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса: [email protected], најдоцна до истекот 17.06.2020 година.
    Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 10 дена по завршување на огласот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично