ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт за картично работење.

    Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

    Одговорности и задачи:

    • Техничка поддршка на клиенти за инсталација на Електронско банкарство и мобилно банкарство
    • Регистрација на корисници за електронско банкарство и мобилно банкарство
    • Изработка на КИБС квалификувани сертификати преку ЛРК
    • Испраќање CUF фајлови за промена на лимити на картички по налог на клиент
    • Испраќање на PF фајлови за состојби на картички
    • Прием и обработка на SM, DO,DT,FO х6, LC И LD фајлови кои содржат информации за трансакции со картички
    • BAF фајлови за изработка на картици, испраќање PIN фајлови за пинови на нови картички и реиздавање на пин-ови.
    • Изработка на извештаи по налог на директниот претпоставен или УО, а поврзани со картично работење

    Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected]

    Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

    Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 05.06.2020 година.

    Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично