ПОВЕЌЕ

    Од понудата на ЕСМ на утрешната аукција ќе зависи колку ќе ни поскапи струјата од јули?

    Време зa читање: 2 минути

    Тендерот за набавка за потребите на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач за струјата на домаќинствата за периодот јули-декември 2022 година кој беше објавен на 1 јуни, преку електронска аукција ќе се изврши утре.

    Она што сите со нетрпение го очекуваат е колку на овој тендер ќе понуди државното  ЕСМ, понуда која ја содржи цената на електричната енергија произведена во домашните капацитети, како и колку од вкупните потреби за струја ќе може да ги покрие државната компанија.

    Од ЕСМ велат дека утре „ќе достават понуда на тендерот“. Сепак која ќе ја понудат ќе се знае на тендерот утре на аукцијата.

    – АД ЕСМ ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме со рок до 24.6.2022г. АД ЕСМ достави до Влада пресметки и предлози во однос на цената и количините, по што Владата треба на затворена седница да донесе одлука со препорачана цена и количина, која ќе биде доставена до ЕСМ. Согласно одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ЕВН Хоме.
    Во очекување на одлуката од Владата, а врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврди дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи,( законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродиструбуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО, велат од ЕСМ.

    Цената на електричната енергија е далеку певтина од домашните капацитети за разлика од онаа што се купува на слободен пазар по берзански цени. Кај нас цената на електричната енергија за домаќинстата се уште е регулирана, за разлика од компаниите кои договори склучуваат слободно на пазарот со трговците на струја која е многу повисока од регулираната.

    Цената што сега ја плаќаме за електричната енергија изнесува 41 евро за мегават час. Оваа цена беше понудена од ЕСМ на петтиот тендер на ЕВН Хоум за јануари-јуни и беше за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично