ПОВЕЌЕ

    Од Србија доаѓаат 12 отсто од туристите, летово се очекуваат во поголем број

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на македонските и на српските туристи е во постојан пораст на релациите меѓу двете земји. Тоа се должи и на успешните промотивни активности сметат туристичките работници, кои денес остваруваат голема бизнис средба, со цел зголемување и продлабочување на соработката во рамките на Отворен Балкан. Иницијатори и организатори се домашната Агенција за промоција и поддршка на туризмот и Туристичката организација на Србија, а на настанот присуствуваат повеќе од 140 тур-оператори и хотелиери.

    Соработката меѓу двете држави е на високо ниво, па се смета дека оваа тенденцијата на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. Ова мислење го споделија директорот на АППТ, Љупчо Јаневски, директорката на ТОС, Марија Лабовиќ и српската амбасадорка Невена Јовановиќ, кои во своите обраќања ги нагласија можностите за зајакнување на постојните и создавање нови партнерски односи.

    „Со оглед на тоа дека бројот на туристи меѓу двете земји од година во година расте, АППТ ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка и размена на искуства со туристичкиот сектор од Србија. За претстојната сезона очекуваме раст од 10 до 20 проценти на српските туристи”, рече Јаневски.

    Успешните промотивни активности на македонската Агенција на туристичкиот пазар во Србија позитивно се одразија на зголемување на број на туристи и од оваа земја кои во последниве неколку години изнесува повеќе од 45 отсто. Согласно статистиките, 12 проценти од вкупниот број туристи доаѓаат од Србија, при што се реализирани 20 проценти од вкупниот број ноќевања. Притоа, се смета дека новата авиолинија Охрид-Белград ќе овозможи дополнителна туристичка размена.

    АППТ потпиша договор за соработка со Туристичка организација на Ниш. Со тоа, преку меѓуграничните проекти кои се во фаза на реализација и со новите кои се во план, заеднички ќе се дејствува во создавањето услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата и туристичките содржини на двете земји.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично