ПОВЕЌЕ

    Од помошничка до милијардерка, кој е новиот член на Клубот на милијардери?

    Време зa читање: 2 минути
    Од помошничка на Парис Хилтон до милијардерка на листата на „Форбс“. Ким Кардашијан – Вест  официјално се придружи на клубот на милијардерите, објави магазинот „Форбс“.
    Нејзиното богатство достигнало до една милијарда долари благодарение на козметичките и модните бизниси, како и на приходите од телевизија, рекламни договори и инвестиции.

    Таа сега е една од 2.775 личности на листата на милијардери на „Форбс“, на чие чело се наоѓа Џеф Безос со 177 милијарди долари.

    Форбс наведува дека Ким има удел и во низа други приватни компании и иако точните податоци не се објавени, изворот тврди дека ријалити – ѕвездата тежи повеќе од милијарда долари.

    Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижнини, а исто така таа потпиша договор со стриминг услугата „Хулу“.

    Покрај тоа, Ким дополнително профитираше благодарение на својот инстаграм – профил на кој ја следат повеќе од 213 милиони луѓе.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично