ПОВЕЌЕ

    Од добивката на „Адинг“ дивиденда за акционерите и награда за вработените

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Адинг“, компанијата која се смета за фармацевт во градежништвото, минатата година оствари нето добивка од 24.507.879 денари, односно 397,8 илјади евра. Распределбата треба да се официјализира на претстојното Годишно собрание на акционерите закажано за 26 мај.

    Износот на добивката, според предложената одлука, ќе се распореди на четири дела. Акционерите ќе поделат дивиденда во нето износ од 163,7 илјади евра (10.085.040 денари). За членовите на Управниот одбор, односно за менаџментот, предвидени се 9,9 илјади евра (612.697 денари). Во планот за делење на добивката се и вработените, 150 на број, за кои се наменети 23,8 илјади евра (1.470.473 денари). А, пак, најголемиот износ од над 200 илјади евра (12.339.669 денари) се распределува за инвестиции, даноции и придонеси.

    Скопската компанија за производство и продажба на хемиски материјали за градежништвото постои повеќе од половина век. Од таму излегуваат стотина производи неопходни во градежништвото, кои освен на домашниот се конкурентни и пазарите во Европа, на Блискиот Исток, Азија и Африка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично