HK е шифрата на новата 11-та членка на Македонска берза, преку која од денес може да се тргува со хартии од вредност. Халк банка почнува со активностите, a заинтересираните можат да ги користат нејзините услуги и да иницираат купопродажни трансакции.
„Врз основа на одлуката за отпочнување на користење на правата од членство во Берзата, а по исполнувањето на условите согласно Правилата за членство на Македонската берза АД Скопје, почнувајќи од ден 14.11.2024 година, преку членката Халк Банка АД Скопје ќе може да се тргува во БЕСТ системот под шифрата HK”, се вели во известувањето на Македонска берза.
Халк банка официјално стана дел од членството на Македонска берза во септември, кога Одборот на директори донесе одлука дека оваа банка може да биде овластен учесник на пазарот на капиталот.