ПОВЕЌЕ

    Ново поевтинување на горивата во најава – Владата ги задржува ефикасните мерки

    Време зa читање: 2 минути

    Можно е ново поевтинување на горивата веќе од следната недела, според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој посочува дека Владата ќе продолжи со мерките за задржување на пониските цени и заштита на животниот стандард.

    Државата е меѓу водечките во Европа по примената на вакви политики, смета Мицкоски:

    „Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, а не според податоците на Владата, Македонија е трета земја во Европа според имплементацијата на мерки со кои се штити стандардот на граѓаните“.

    Тој нагласи дека ефектите веќе се видливи на бензинските пумпи, каде што цените се значително пониски од регионалните.

    „Имаме убедливо најниски горива, кои се за 30 до 50 отсто поевтини од горивата во соседството“, посочи премиерот.

    Клучен дел од политиките остануваат намаленото ДДВ и пониските акцизи. Владата ќе продолжи со ДДВ од 10 насто за бензините од 95 и 98 октани, додека акцизите ќе се коригираат според берзанските движења.

    „Просекот што е на PLATTS FOB Италија за бензините ќе значи намалени акцизи за 2 денари по литар, а за дизелот ќе значи 4 денари по литар… Така ќе биде во следните две недели“, објасни Мицкоски.

    За дизелот, даночната стапка на ДДВ останува 18 насто, но и покрај тоа, цената и натаму е пониска од онаа во соседството.

    „Нашето дизел-гориво денес е од 30 до 50 евроценти по литар поевтино од дизел-горивата во соседството“, додаде тој.

    Очекувањата се дека новото поевтинување ќе следи по усогласувањето на цените во регионот и на меѓународните пазари, при што, како што најави, дополнително намалување може да има веќе од понеделник.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично