ПОВЕЌЕ

    Ново електронско и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка АД Скопје и бесплатно активно користење до крајот на годината

    Време зa читање: 2 минути

    Силк Роуд Банка АД Скопје изврши надградба на електронското и мобилно банкарство за физички лица со нова верзија. За сите постојни и идни корисници на услугите на банката, достапна е новата верзија на системот за електронско банкарство и мобилно банкарство за паметни телефони на Android и iOS платформа.

    “Новата верзија на електронското и мобилно банкарство за население е со модерен и современ дизајн прилагоден за потребите на нашите постојни и идни клиенти за брзо, едноставно и ефикасно користење на банкарски услуги без потреба за посета на експозитурите на банката и чекање во редови на шалтер. Со користење на eлектронското банкарство клиентите добиваат 24/7 преглед во состојбата на трансакциските или штедните сметка, предглед на кредитните картички и кредитите, можност за вршење плаќања во земјата и странство, плаќање на режиски трошоци и менувачница. По пуштањето во продукција на новиот систем, електронското банкарство во следниот период ќе се надгради и со нови функционалности и новитети на пазарот во нашата држава, за што навремено ќе бидат сите известени”, велат од банката.

    Со пуштањето во употреба на новата верзија на електронското банкарство, банката воведува и промотивен период до 31.12.2019 година за користење на електронското банкарство со можност за плаќања.

    Имено, сите нови корисници на системот се целосно ослободени од плаќање еднократен надоместок за користење на можноста за вршење на плаќања преку системот на електронско и мобилно банкарство. Исто така, сите постојни корисници на системот кои имаат можност само за пасивно следење на состојбите на сметките, потребно е да поднесат барање во најблиската експозитура на банката за користење на можноста за активно електронско банкарство за плаќања.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично