ПОВЕЌЕ

    Банките на Нордиските земји почнаа да даваат кредити со негативни и нула каматни стапки!

    Време зa читање: 3 минути

    Нордиските банки со негативни и нула каматни стапки на хипотекарните кредити!

    Данската банка Jyske Bank A/S, на 5-ти август објави дека ќе понуди хипотекарни кредити со негативна каматна стапка. Меѓутоа, ова не се случува за прв пат во историјата на банкарското работење. Имено eвропските држави, негативните каматни стапки ги имаат воведено од пред 5 години. Кредит со негативна каматна стапка значи дека граѓаните долгот со текот на времето ќе го вратат во помал износ од добиениот. Понудата на Нордиските банки да даваат хипотекарни кредити со нула и негативни каматни стапки стана вирална овие денови во светот.

    Понудата на кредитите е со отплата во временски рок од 10 години и е со негативна каматна стапка од 0,5%. Ова значи, ако некој земе кредит од 60.000 евра, во рокот од тие 10 години ќе враќа по 5.970 евра годишно. На крајот на кредитот ќе го исплати целиот износ од 59.700 евра или помалку за 30 евра секоја година.

    Негативните каматни стапки ја поттикнуваат економијата

    Меѓутоа во теоријата, спроведувањето на кредити со негативни каматни стапки всушност ги поттикнува бизнисите да позајмуваат пари. Тие пари повторно ги инвестираат во економијата. Како што објаснуваат во Вол Стрит Журнал (Wall Street Journal) секое евро што ќе влезе во економијата, се троши неколку пати. Еве еден едноставен пример – трошите 1 евро во локална продавница. После сите давачки околу тоа евро, сопственикот ќе го потроши на нешто друго надвор од продавницата. Процесот се повторува одново и одново, така што иницијалното купување со 1 евро „активира” многу повеќе евра во економијата.

    Набргу по Данската банка, и Финската банка Nordea Bank ABP понуди станбени кредити без камата.
    Германскиот медиум Der Spiegel ја пренесе оваа информација за можност на подигање кредити за купување недвижности без камата од 0%. Кредитите се нудат со фиксна каматна стапка од 0% во период од 20 години и 0,5% во период од 30 години. Тоа значи дека на купувачот на недвижнини банката му дава кредит без заработка или со премногу мала заработка.

    „Никогаш не било поефтино да се задолжиш во банка. Ова покажува колку инвеститорите се загрижени. Тие очекуваат моменталната ситуација на финансиските пазари да потрае.“ – Изјави за Bloomberg – главниот аналитичар во Секторот за станбено кредитирање на Nordea Bank ABP.

    Во конкретниов случај, овие банки се согласни на мали загуби давајќи кредити со негативни каматни стапки. Ним им е поисплатливо да реализират мали загуби, отколку да ризикуваат со високи каматни стапки и ненаплатливи (лоши) кредити.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично