Ангеловска на „Woman in Tech”: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Датум на објава: 29.05.2020

Време зa читање: 2 минути

Оваа Covid-19 криза, донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и истата треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech” на панел со тема “Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“.

– Дигиталниот е единствениот начин за развој, за одењето чекор понатаму. Веќе ја немаме можноста да бираме дали ќе работиме на традиционален или дигитален начин, сега сите мора да се адаптираат. Ова мора да се искористи мудро, особено од страна на жените претприемачи. Оваа пандемија ќе заврши – а кога ќе заврши, од нас зависи колку попаметно, поефективно и подобро ќе функционираме. Се ќе зависи од тоа колку брзо ќе се адаптираме на ситуацијата. Вработените, граѓаните и фирмите ќе имаат нови способности, нови бизнис модели ќе се развијат, голем дел ќе се променат, а технологијата дефинитивно ќе одигра клучна улога во сето тоа, во секоја дејност и економија во светот. – рече Ангеловска.

Прочитајте и ...  Шпанските банки размислуваат за трајно затворање на дел од филијалите

На виртуелната меѓународна конференција „Жени во технологијата“ учествуваа 150 говорници од 60 земји од светот. Ангеловска, инаку е една од првите седум амбасадорки на дигитална трговија на УНКТАД – телото на Oбединетите Нации за трговија и развој.


Тагови: амбасадорки, жени во технологија, жени претприемачи, ковид19, коронавирус, Нина Ангеловска, УНКТАД,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: