ПОВЕЌЕ

    Најк прокнижи загуба од 790 милиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Приходите на „Најк“ за овој период изнесуваат 6,3 милијарди долари што е за 38 проценти намаливање во однос на истиот период претходната година.

    „Најк“, големиот американски производител на спортска опрема во последниот квартал од фискалната 2020 година забележа загуба од 790 милиони долари поради пандемијата  од Ковид – 19, се вели во извештајот на компанијата објавен на официјалната веб-страница.

    Извештајот го опфаќа четвртиот квартал на фискалната 2020 година, што истече на 31 мај.

    Истовремено, продажбата на производи преку Интернет се зголеми за 75 проценти, а административните и другите трошоци се намалија за 6 проценти, достигнувајќи 3,2 милијарди долари.

    Во својот извештак оваа компанија лошите финансиски резултати ги правда со влијанието на пандемијата од корона вирусот поради што била приморана да затвори голем број продажни места, пред се во Северна Америка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично