ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансферирани 2.728 акции на десет компании и три банки

    Време зa читање: 2 минути

    Акции на десет компании и три банки, вкупно 2.728 на број, од кои 45 се приоритетни, минатата недела минале по патот на нетрговските трансфери. Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, што ги објавува Македонска берза, покажуваат дека ударен ден бил петокот со 1.069 акции.

    Во парните денови нетрговски трансфери се вршеле со акциите на „Макстил“ – 58 во понеделник, 433 во среда и 703 во петок. Вкупно 1.194 обични акции.

    Во два наврати се трансферирани 288 акции на „Алкалоид“. Во вторник 34 и во среда 254 обични акции.

    Идентична е бројката – 288 и кај пренесените акции на РЖ „Услуги“, со тоа што првиот пат се работело за 30, а вториот за 258 акции.

    Активноста била повторена и со акциите на „Уготур“  – 21, па 34, или вкупно сопственоста е сменета кај 55 обични акции.

    На двапати во овој процес влегле и 51 акција на РЖ „Интер-Трансшпед“ – 19, па потоа 32 обични акции.

    По пат на нетрговски трансфер сопственоста е променета кај 273 акции на скопски „Гранит“, 239 на „Фустеларко Борец“ од Битола, 222 на Рудници „Бањани“, 30 на РЖ „Економика“ и 12 обични акции на РЖ „Техничка контрола“.

    Трите банки чии акции минатата недела се забележани во оваа активност се Стопанска банка АД Битола – 6 обични акции, Комерцијална банка АД Скопје – 25 обични акции и Стопанска банка АД Скопје – 45 приоритетни акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично