ПОВЕЌЕ

    Нетрговски пренесени 10.199 акции, третина од нив на светиниколска „Мода“

    Време зa читање: 2 минути

    Интензивни активности во доменот на нетрговските трансфери. Во четири дена од минатата недела се подарени или за друга намена пренесени 10.199 акции, од кои 140 се приоритетни. Издадени се од 16 компании и од четири банки. Најбројни се обичните акции на „Мода“ од Свети Николе – 3.221, кои зафаќаат една третина од вкупната бројка.

    Најраздвижено било во вторникот, кога се трансферирани 6.427 обични акции од десет компании и од три банки.

    А, нема ден без трансфер на акции од Комерцијална банка. Вкупно 536: во вторник 18, во среда 86, во четврток 412 и петок 20 обични акции.

    Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, што ги објавува Македонска берза покажуваат дека овојпат, според бројноста, светиниколската конфекција нема конкуренција. Над илјада се само акциите на „Макстил“ – 1.221. Следуваат 958 акции издадени од „Либерти“, 802 од „Гранит“ и 575 од „АрцелорМиттал“ (ХРМ).

    Другите не го минуваат прагот од 500 трансферирани хартии од вредност: „Жито Лукс“ – 238, „Алкалоид“ – 206, БИМ АД Свети Николе – 118 обични акции.

    Следат акциите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ 70 на број, па 63 на „Макпетрол“, 60 на тетовски „Тетекс“ и 59 на скопски „Уготур“. Сите тие се обични акции.

    Во податоците се наведени и нетрговски трансферираните обични акции издадени од компаниите што произлегоа од некогашната Железарница: 30 на РЖ „Интер-Трансшпед“, 28 на РЖ „Економика“ и 12 на РЖ „Техничка контрола“. Во оваа група, по бројност, се и 27 обични акции на прилепскиот Тутунски комбинат.

    Што се однесува до акциите на банките, на овој начин е пренесена сопственоста на 140 приоритетни акции од Стопанска банка Скопје, на 25 обични од Стопанска банка Битола и четири од НЛБ банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично