ПОВЕЌЕ

    НЕДОСТИЖНА НА ВРВОТ: Акцијата на Комерцијална банка 12 месеци е број 1

    Време зa читање: 3 минути

    Акцијата на Комерцијална банка дванаесет месеци по ред е најтргувана на македонскиот пазар на капитал, објави Македонска берза во последниот билтен за декември. 

    Просечната цена што ја достигнала акцијата на најголемата македонска банка е 11.512,40 денари, а биле истргувани 10.096 акции на таа банка. Со акциите на Комерцијална банка бил направен промет од 116.229.179 денари или 1.886.426 евра, а нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 43,37 отсто.

    Втора најтргувана акција на официјалниот пазар на Берзата била акцијата на македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид АД Скопје  каде количински се истргувани 4.423 акции по просечна цена од 17.157,45 денари. Вкупниот промет што во декември бил достигнат со акциите на „Алкалоид“ изнесувал 1.230.806 или 75.887.404 денари, а неговото учество во вкупниот промет изнесувало 28,32 отсто, покажува билтенот на Берзата.

    На третата позиција на најтргувани акции на Македонска берза во декември месец се најде уште една банка од големата тројка на банки. Станува збор за НЛБ Банка АД Скопје, чија акција имала просечна цена од 23.374,49 денари, а вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 17.390.621 денари или 282.196 евра, што претставува учество од 6,49 отсто во вкупниот промет.

    На четврто место се најде нашиот најголем нафтен дистрибутер „Макпетрол“ Скопје, додека петтото место припадна на Прилепска Пиварница Прилеп.

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12 – 31.12.2022 година вкупниот промет изнесувал 348.034.434 денари и е зголемен за 14,33 отсто во однос на претходниот месец. 

    Кај брокерските куќи, ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје е на тронот со остварен вкупен промет од 175.456.321 денари, додека Комерцијална банка АД Скопје со промет од 145.922.130 денари се најде на второто место. Третата позиција во месец декември му припадна на Еурохаус АД Скопје  со вкупен промет од 131.577.596 денари.

    Инаку, главниот берзански индекс МБИ10 се зголемил за 1,70% отсто

    Класичното тргување изнесувало 300.596.508 денари и е зголемено во однос на ноември за 33,41 отсто кога изнесувало 225.322.728 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 271.662.089 денари и обврзници во вредност од 28.934.419 денари.

    Блок трансакциите во декември изнесувале 47.437.926 денари и се намалени за 40,02 отсто во однос на ноември.

    Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.181 и е зголемен за 15,44 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.023.

    Месечниот статистички билтен за декември 2022 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично