ПОВЕЌЕ

    НБРСМ: Просечната каматна стапка на кредити во јануари покачена, изнесува 4,98%

    Време зa читање: 5 минути

    Во јануари 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува
    4,98%, што претставува месечен и годишен раст од 0,54 п.п. и 0,63 п.п., соодветно.
    Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечно и годишно
    зголемување од 0,07 п.п. и 0,22 п.п., соодветно и изнесува 0,93%, соопшти Народната Банка.

    Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јануари, изнесува 5,07% и е повисока за 0,24 п.п. и 1,23 п.п., соодветно на месечна и годишна основа.

    Просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи месечен и годишен
    раст од 0,17 п.п. и 0,98 п.п., соодветно и изнесува 1,51%.

    1. Каматни стапки на корпоративниот сектор

    Во јануари, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот
    сектор е зголемена за 0,76 п.п. и изнесува 4,60%. Промената се должи на повисоките
    каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во
    странска валута (за 1,67 п.п. и 1,02 п.п., соодветно), при остварен раст и на
    каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,39 п.п.). На
    годишно ниво, оваа каматна стапка бележи зголемување од 1,15 п.п.

    Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во јануари,
    бележи месечен раст од 0,17 п.п. и изнесува 5,19%. Месечното зголемување е
    резултат на растот на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна
    клаузула (за 0,72 п.п. и 0,50 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки
    на кредитите во странска валута (за 0,95 п.п.). Споредено на годишно ниво,
    каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е зголемена
    за 1,71 п.п.

    Во јануари, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот
    сектор забележа месечно зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 1,35%. Месечната
    промена се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити со и без
    валутна клаузула (за 0,27 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматните стапки на
    депозитите во странска валута остварија пад (за 0,25 п.п.). Kаматната стапка на
    вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 0,47 п.п.

    Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, во
    јануари, се намали за 0,09 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 1,00%.
    Притоа, надолната промена се објаснува со намалувањето на каматните стапки на
    денарските депозити со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во
    странска валута (за 0,50 п.п. и 0,23 п.п., соодветно), во услови на остварен месечен
    раст на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.).
    Анализирано на годишно ниво, оваа каматна стапка оствари зголемување од 0,58
    п.п.

    2. Каматни стапки на домаќинствата

    Овој месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува
    5,34%, што претставува месечен раст од 0,33 п.п. Од аспект на валутната структура,
    зголемувањето е резултат на растот кај сите компоненти: каматните стапки на
    кредитите во странска валута (за 0,46 п.п.) и каматните стапки на денарските
    кредити со и без валутна клаузула (за 0,35 п.п. и 0,30 п.п., соодветно). Во однос на
    јануари 2022 година, оваа каматна стапка е повисока за 0,18 п.п.

    Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во
    јануари, забележа месечен раст од 0,48 п.п. и изнесува 4,86%. Зголемувањето на
    месечна основа е резултат на растот на каматните стапки на кредитите во странска
    валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 1,90 п.п.
    и 0,73 п.п., соодветно), во услови на минимален раст и на каматните стапки на
    денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на
    новоодобрените кредити на домаќинствата бележи годишно зголемување од 0,46
    п.п.

    Во јануари, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е зголемена
    за 0,07 п.п. во однос на декември и изнесува 0,88%. Нагорната промена произлегува
    од растот на каматните стапки кај сите категории: денарските депозити со валутна
    клаузула, депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна
    клаузула (за 0,20 п.п., 0,09 п.п. и 0,05 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа
    каматна стапка оствари зголемување од 0,18 п.п.

    Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во јануари, оствари месечно зголемување од 0,31 п.п. и изнесува 1,71%. Притоа, растот се должи на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,41 п.п. и 0,29 п.п.,соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи раст од 1,13 п.п. на годишна основа, се вели во соопштението на НБРСМ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично