ПОВЕЌЕ

    НБ: Станбените кредити со годишен раст од 14,7 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица во јуни потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечно зголемување од 1,3 и 1,9 отсто, а годишниот раст изнесува 7,9 и 14,7 отсто, стои во извештајот на Народната банка.

    Во јуни, автомобилските кредити, се намалени на месечно и годишно ниво за 2,9 и 17,1 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички, овој месец, се зголемија за 0,5 отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 8,9 проценти. Кај негативните салда на тековните сметки, во јуни, е остварен месечен пад од 0,4 отсто, а на годишно ниво растат за 3,4 проценти.

    -Кредитите одобрени врз други основи во јуни остварија месечен раст од 0,6 отсто, при годишен пад од 6,6 проценти, посочуваат од Народна банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично