ПОВЕЌЕ

    Колку изнесува просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во јуни 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто оствари месечен и годишен пад од 0,03 п.п. и 0,39 п.п., соодветно и изнесува 4,80%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 1,09%, додека на годишна основа таа се намали за 0,32 п.п.

    Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 3,94%, по забележан месечен раст од 0,02 п.п. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,76 п.п. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е остварен месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 0,64%, додека на годишно ниво е забележан пад за 0,51 п.п.

    Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно тука.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично