Во периодот од 15.09.2020 – 30.10.2020 агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД по четврти пат го спроведе истражувањето “Преферирани маркети и најпознати брендови според потрошувачите во С.Македонија” од кое се објавуваат и ТОП 3 Маркети.
Оваа година за разлика од претходните, се изработи дел за најпознати брендови во категорија според потрошувачите одкои што ќе се објавувааат “Најпознати брендови според потрошувачите 2020-та година”. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава . Потрошувачите одговараат на прашањето “Кој е за Вас напознат бренд во категоријата Х?” според кое се прави и самото рангирање на производите. Анализата вклучува повеќе од 200 брендови, домашни и странски кои се поделени во 17 категории на производи.
Конкуренцијата помеѓу компаниите е многу интензивна. Компаниите е потребно да имаат информација каде се позиционирани нивните брендови во “свеста” на потрошувачите што ќе овозможи оптимизација на маркетинг активностите и унапредување на целокупното работење. Истражувањето има за цел да ги определи генерално најпознатите брендови за домашните потрошувачи, разликите според демографските карактеристики како просечен месечен приход, возраст, социјален статус и регион но и да определи дали се преферираат домашни или странски брендови.
Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се : Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.
| Производ | Бренд |
|---|---|
| МЛЕКО | Битолско Млеко |
| ЈОГУРТ | Битолски Јогурт |
| СИРЕЊЕ | Кораб Трница |
| КАШКАВАЛ | Кораб Трница |
| ВОДА | Пелистерка |
| ЧИПС | Chipsy |
| ЧОКОЛАДA | Мilka |
| ШАМПОН ЗА КОСА | Head and Shoulders |
| КАФЕ | Гранд |
| ЗДРАВА ХРАНА | Виталиа |
| СЛАДОЛЕД | Fricom |
| ДЕТЕРГЕНТИ | Ariel |
| МЕСНИ ПРОИЗВОДИ | Златиборац |
| ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА | Perfex |
| ВИНО | Тиквеш |
| ПИВО | Скопско |
Аналитика








